Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“.
Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник.
Во телевизиско обраќање, Путин исто така рече дека ударите на западните ракети со долг дострел на руска територија му дадоа на конфликтот во Украина карактеристики на глобален.
„Од овој момент, како што повеќепати нагласивме, конфликтот во Украина, кој претходно беше испровоциран од Западот, доби елементи од глобален карактер“, нагласи тој.