Путин ја крена цела војска во состојба на вонредна готовност

Од:

Руското Министерство за одбрана утрово ја објави одлуката на врховниот командант Владимир Путин за нова вонредна проверка на борбената готовност на вооружените сили.

Вежбата ќе ги зафати јужниот, западниот и централниот округ, како и Северната флота, Воздухопловно-вселенските сили и Воено-десантните сили, соопшти генерал Сергеј Шојгу.

– Во согласност со одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија денеска ќе почне уште една во низата вонредни проверки. Војската на Јужниот, дел од силите на Западниот и средства од Западниот и Централниот воен округ, Северната флота, Главната команда на Воздухопловно-вселенските сили и Воздухопловно-десантните сили од 7 часот по московско време ја проверуваат борбената готовност – објави Сергеј Шојгу на седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Како што наведуваат руските медиуми, проверката ќе трае од 25 до 31 август.

Би можело да ве интересира

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“