Путин испратил бомбардери во Ирска и предизвикал хаос

Од:

Ирската Агенција за воздушен сообраќај ИАА, соопшти дека двата руски авиони, бомбардери кои во февруари безпредупредување влегоа во воздушниот простор кој е под контрола на Ирска, принудиле еден патнички авион да го пренасочи движењето, а друг да го одложи летот.

Се верува дека инцидентот се случил на 18-ти февруари, во исто време кога британските борбени авиони „тајфуни“ се кренаа да ги испратат двата руски авиони, кои летеле во близина на британскиот воздушен простор.

Ирските власти соопштија дека двата руски авиони летале со исклучени тренспондери – уреди, кои помагаат за идентификација на авиони со помош на радари.

-Еден лет од Даблин е одложен поради активности на руски воен авион во воздушниот простор на Велика Британија. Движењето на другиот авион е сменето со цел во тек на летот да не дојде во близина на двата руски воени авиони -стои во соопштението на ИАА, пренесе „Франс прес“.

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон предупреди дека по овој инцидент НАТО силите треба да бидат подготвени за „секаков вид агресија од Русија“.

Лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија заедно со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во вторник ја повикаа интернационалната заедница на „силна реакција“ поради прекршување на прекинот на огнот во источна Украина со цел да се зголеми притсокот врз Русија.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски