Путин и Трамп утре ќе разговараат телефонски

Од:

Претседателите на Русија и САД; Владимир Путин и Доналд Трамп утре телефонски ќе разговараат, изјави портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Да, потврдува дека утре ќе има телефонски разговор, рече Песков, јави ТАСС.

Американските телевизии Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си јавија претходно дека двајцата претседателите ќе разговараат телефонски в сабота, прв пат откако Трамп стапи на должност на 20 јануари.

Претходно Трамп повеќе пати изјави дека сака да ги подобри односите со Русија, кои се на најниска точка од Студената војна.

Вашингтон ја обвинува Москва дека се обидела со кибер напади да влијае врз исходот од претседателските избори во САД.

Би можело да ве интересира

Британец осуден на 19 години затвор во Русија, се бореше на страната на Украина

А1он

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски

САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година

Волц: Трамп ќе размисли за обновување на испораките за Украина доколку се изгради доверба

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски