САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Од:

САД го суспендираа споделувањето разузнавачки информации со Киев, што може сериозно да ја загрози способноста на украинската војска да ги таргетира руските сили, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи официјални лица запознаени со ова прашање.

Овој потег уследи по одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине воената помош за Украина и драматичното нарушување на односите меѓу американскиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Соработката на американските разузнавачки агенции беше од клучно значење за способноста на Украина да идентификува и да напаѓа руски воени цели.

Тројца функционери запознаени со одлуката потврдија дека Вашингтон ги замрзнал разузнавачките канали со Киев.

Би можело да ве интересира

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина