Путин и Шолц го задржа на дистанца од шест метри на разговорите за украинската криза во Кремљ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го седна германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од масата, долга шест метри, на денешната средба во Кремљ, посветена на разговорите за украинската криза, истата позиција што му ја додели и на францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, откако одби да се тестира со руски тест против коронавирус, јави ДПА.

Белата маса, со стакло на горната површина и со цветни мотиви стана меме на интернет, откако беа објавени слики од разговорите на Макрон со рускиот лидер.

Како и Макрон, и Шолц денеска одби пред разговорите да направи руски ПЦР тест за коронавирус, а место тоа, се одлучи за тест што ќе го спроведе лекар од германската амбасада во неговиот авион по слетувањето, пред тој воопшто да се симне.

Затоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека социјалното дистанцирање меѓу германскиот и рускиот лидер ќе мора да биде поголемо од вообичаеното.

-Но, тоа нема да влијае на карактерот на состанокот, содржината или времетраењето, рече тој. Разговорите, додаде тој, ќе бидат „обемни“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц