Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараа за евентуално заедничко производство на вакцина против коронавирусот, соопшти Кремљ.
Рускиот и германскиот министер за здравство ќе продолжат да разговараат со експерти во врска со ова прашање, се наведува во соопштението на Кремљ.
Портпарол на Владата во Берлин нагласи дека двете страни разговарале за начините за борба против пандемијата. Меркел и Путин се осврнаа и на долготрајниот конфликт во источна Украина.