Путин и Лукашенко денеска ќе разговараат за Украина и за санкциите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со белорускиот преседател Александар Лукашенко. Според Скај њуз, тие ќе разговараат за ситуацијата во Украина и санкциите што Западот ги воведе кон Русија и Белорусија.

Десетици илјади руски војници кои ја нападнаа Украина влегоа во земјата од Белорусија.

Лукашенко тврди дека Белорусија мора да биде вклучена во преговорите за завршување на конфликтот, исто како што Белорусија неправедно е опишана како „соучесник во агресијата“.

Путин и Лукашенко ќе се сретнат на далечниот исток на Русија, во руското вселенско пристаниште Восточни, објави белоруската новинска агенција Белта.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски