Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми.

Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор.

Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија за протерувањето на свештениците од Бугарија: Провокација по евроатлантските насоки за која ќе има одговор

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

Путин: Отворени сме за преговори

(ВИДЕО) Средба Ким-Путин: Севернокорејскиот лидер е сигурен дека Русија „ке го победи злото“

Катерина Ѓуровски

Поранешната австриска министерка која танцуваше со Путин се сели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Почна средбата Путин-Ким, први детали од состанокот

Катерина Ѓуровски