Путин го одби Зеленски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување директни преговори за завршување на војната на маргините на претстојниот самит на Групата 20 (Г20) во Мајами.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја отфрли можноста за билатерални преговори во Соединетите Американски Држави како „невозможна“, наведувајќи дека Путин е подготвен да се сретне со Зеленски исклучиво во Москва.

Овој одговор уследи по изјавите на Зеленски дека е подготвен да отпатува на Флорида, каде што самитот ќе се одржи на 14 и 15 декември 2026 година, под услов таму да присуствува и рускиот лидер.

„Да, секако. Мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесуваме одлуки“, изјави Зеленски во интервју, нагласувајќи дека секоја средба на високо ниво мора да биде насочена кон конкретни резултати, а не кон реторика.

Кремљ сè уште нема потврдено дали Путин ќе присуствува на самитот во Мајами.

Доколку дојде до средба, тоа би била прва средба лице в лице меѓу двајцата лидери од декември 2019 година, кога учествуваа на преговорите во рамките на „Нормандиската четворка“ во Париз, заедно со францускиот и германскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Девојче падна од трет кат во Берлин: Маж стоел под прозорецот и ја фати во последен момент

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ