Путин го именува Рамзан Кадиров за в.д. претседател на Чеченија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за именување на Рамзан Кадиров за вршител на должност претседател на Чеченска Република.

– На петти април истекува рокот на овластувањето. Имајќи го предвид направеното во последните години за Чеченците, за жителите на Републиката пред се, а оттаму и за цела Русија, денеска со потпишаниот указ ве назначуван за вршител на должност претседател на Чеченска Република и се надевам дека ќе учествувате на изборите во септември, посочи Путин.

Тој апелираше до раководството на Чеченија да посвети поголемо внимание на почитување на законите на Руската Федерација.

– Потребна е потесна координација и работа со федералните органи на власата за безбедносните прашања. И вие и идните раководители на Републиката треба се да направите за почитување на руските закони во сите сфери на животот, потенцирам во сите сфери, наведе Путин.

Тој додаде дека „Чеченија станала побезопасно место за граѓанините, за жителите на Чеченија, можеби дури побезопасна од другите места на картата на Русија, во голема мерка благодарение на напорите на Кадиров“.

Би можело да ве интересира

Беспилотно летало го погодил рускиот Универзитет за специјални сили Спецназ

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија во Чеченија

A1on

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска