Путин ги повика Русите да се вакцинираат против Ковид-19

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против Ковид-19.

– Ако некој сака да се чувствува сигурно, не сака да се разболи и да има тешки последици после болеста, тогаш најдобро е да се вакцинира, наведе Путин.

Тој во вторникот се вакцинираше, но не пред камери и не откри која од трите вакцини развиени во Русија ја примил, истакнувајќи дека сите се ефикасни.

– За да се укинат рестрикциите, околу 70 проценти од населението треба да се вакцинира. Ако вакцинацијата продолжи со истото темпо како досега, верувам дека до крајот на летото ќе ја постигнеме таа бројка, посочи Путин.

Речиси четири месеци од примената на вакцината Спутник V, што е одобрена во 56 држави во светот, Русија и понатаму има потешкотии да ги вакцинира своите 144 милиони жители.

Според анкета од почетокот на март, две-третини од Русите оцениле дека Ковид-19 е „биолошко оружје“ создадено од човекот, а 62 проценти од испитаниците изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.

Досега само четири милиони Руси ги примиле двете дози од вакцината, а два милиони само првата, што е околу четири отсто од населението.

Би можело да ве интересира

Володин: Секоја дискусија за убиството Путин е почеток на нуклеарна војна

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон