Путин, Ердоган и Абас на отворањето на реконструираната џамија во Москва

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин заедно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со палестинскиот лидер Махмуд Абас учествуваат на церемонија на отворањето на реконструираната Соборна џамија во Москва, јави ТАСС.

На отворањето присуствуваат исто така лидерот на Чеченската република Рамзан Кадиров, на Република Татарстан Рустам Миниханов, на Ингушетија Јонуз-Бек Евкуров и на Дагестан Рамазан Абдулатипов, како и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Московската Соборна џамија била изградена во 1904 година. Таа не нила затворена за време на советскиот период и била единствената џамија во престолнината. Реставрацијата на џамијата почнала во 2005 година. За остварувањето на проектот се потрошени 170 милиони долари, а значителен дел од тие средства се донирани од верници.

По зголемувањето на површината на џамијата за 20 пати до 19.000 метри квадратни, таа стана најголемата во Европа и во неа можат да се молат до 10.000 верници во исто време.

– Руската Федерација е силен пример за добрососедство и мирна коегзистенција под еден покрив на луѓе од различни вероисповести и етнички корени, изјави турскиот претседател Ердоган на отворањето.

– И денес ние одново сме сведоци како Москва собира цела разнообразност од народи, ги обединува нивните единствени духовни вредности, создава единствен простор и дава на сите пример за иднината, додаде Ердоган.

Тој истакна дека заради ситуацијата на Блискиот Исток, која доведе до масовна преселба на бегалци во Европа, треба да се срами целото човештво.

Бегалци од Сирија, Ирак, Египет и Либија, земји кои се наши соседи, се насочија кон границите на Европа со надеж за мир и спасение, рече турскиот претседател.

Според него, решавањето на проблемот со бегалците не е во тоа да бидат затворени границите за нив или тие да бидат оставени да умрат на отворено море, туку во тоа да бидат направени нивните земји повторно безбедни за живот.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски