Путин: Ердоган е заслужен за се подобрите руско-турски односи

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека подобрувањето на односите меѓу Русија и Турција е лична заслуга на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој, според него, вложува голем труд и енергија за нивно унапредување.

На средбата со Ердоган во Москва, Путин изјави дека нивните редовни состаноци дале позитивни резултатите и во билатералната соработка, што, како што нагласи, го потврдува и фактот дека за десет месеци во 2018 година вкупната трговска размена меѓу двете земји била поголема отколку во цела 2017 година.

Путин додаде дека Москва и Анкара продолжуваат со имплемантација на главните билатерални проекти и интензивно соработуваат при регионалните безбедносни прашања и барањето решенија за сириската криза.

Еродган од своја страна истакна дека добрите односи меѓу Русија и Турција позитивно влијаат на безбедноста на Блискиот Исток и најави зајакнување на билатералната соработка во повеќе сфери, вклучително и во одбраната, културата и економијата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир