Путин: Американскиот систем „Патриот“ го собори рускиот авион во кој се превезуваа украински затвореници

Од:

Американскиот систем „Патриот“ го собори рускиот авион Ил-76, во кој се превезуваа украински затвореници, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека Русија инсистира на меѓународна истрага за инцидентот, додека западните медиуми, како што вели рускиот претседател, се обидуваат да ја прикријат приказната за инцидентот со затворениците.

„Украинските власти ја отфрлија фразата дека би сакале да спроведат меѓународна истрага. Ние го бараме тоа и инсистираме да се спроведе меѓународна истрага. Официјално велам: ве молиме испратете меѓународни експерти и направете ја оваа анализа, проценете ги достапните материјални докази дека авионот беше соборен од системот Патриот“, нагласи Путин на состанокот со доверливи функционери, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски