Путин: Американски санкции против Москва се непријателски чин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека новите американски санкции против Москва се непријателски чин што не ги зајакнува руско-американските односи.

„Ако зборуваме за политичкиот аспект, тогаш, секако, ова е непријателски став кон Русија, тоа е очигледно. И не ги зајакнува руско-американските односи, кои штотуку почнаа да се опоравуваат“, изјави Путин за новинарите, објави РИА Новости.

Путин рече дека новите американски санкции се обид за притисок врз Русија, додавајќи дека Русија е земја што се почитува себеси, а земјите што се почитуваат себеси не работат под притисок.

„Ниту една земја што се почитува себеси никогаш не прави ништо под притисок. Русија е земја што се почитува себеси. Русија и САД имаат многу области за соработка ако во иднина преминеме од притисок на сериозен дијалог“, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, рече дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за влијанието на ситуацијата со руската нафта врз цените низ целиот свет, вклучително и во САД.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност