(ВИДЕО) Четворица мртви во терористички напад пред британскиот парламент во Лондон

Од:

Четири лица, вклучувајќи еден полицаец и човекот за кој што се претпоставува дека е напаѓачот, загинаа во серија терористички напади во Лондон, во близина на британскиот парламент.

Од Скотланд Јард се огласија со кратко соопштение во кое што се наведува дека нападот се третира како терористички акт се додека не се пронајдат докази кон упатуваат кон нешто друго.

Полицијата со огнено оружје го застрелала напаѓачот пред биртанскиот парламент во центарот на Лондон, а според очевидци, пред да ги нападне полицајците напаѓачот со автомобил прегазил пет пешаци и се забил во ограда. Фотографот на Ројтерс изјави дека видел десетина тешко повредени лица во блзиина на Вестминистерскиот мост и непосредна близина на зградата на парламентот.

Напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата по сериозен инцидент, соопштија властите во Лондон.

Долниот дом на британскиот парламент ја прекинал седницата откако се слушнале истрелите пред зградата.

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава на состанокот на владиниот Комитет за вонредни ситуации (ЦОБРА), што се одржува по нападот во Лондон.

За случувањата во Лондон е информиран и американскиот претседател Доналд Трамп, а Стејт департментот соошти дека исто така ја следи ситуацијата и се обидува да открие дали меѓу повредените има американски туристи. Францускиот премиер Бернар Казнев соопшти дека меѓу повредените има тројца француски ученици.

Никој засега не знае кој стои зад овој напад во Лондон, кој доаѓа по подолго време на релативна безбедност на улиците, а посебно на британските јавни институции.

Последен поголем терорисички напад се случи на 7 и на 23 јули 2005 година, кога беа убиени 52 лица, но се верува дека денешниот инцидент нема да има ни приближно вакви размери.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски