Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Од:

Тајната служба на САД пукаше во вооружен маж од Индијана, кој се наоѓал на еден блок од Белата куќа,откако локалните органи за спроведување на законот ја известиле агенцијата за „самоубиствено лице“, соопшти агенцијата.

– Агентите на тајната служба беа вклучени во пукање по вооружена „средба“ со лице од интерес веднаш по полноќ на 9 март, потврди портпаролот на Тајната служба Ентони Џулиелми на платформата X.

Неидентификуваниот маж се упатил пеш кон познатата авенија Пенсилванија, каде што агентите на Тајната служба го пронашле веднаш по полноќ.

Дошло до „вооружена пресметка“ кога мажот извадил огнено оружје. Агентите на тајната служба биле принудени да отворат оган кон мажот, кој потоа бил пренесен во локална болница, соопшти агенцијата.

Ниту еден член на Тајната служба не е повреден, се вели во соопштението на агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на пукањето престојувал на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Се верува дека мажот пристигнал од Индијана во главниот град во саботата, поради што локалната полиција ја известила Тајната служба.

Засега не се знае кои биле неговите мотиви, ниту дали имал намера да направи нешто. Истрагата за пукањето ја води Одделот за внатрешни работи на полицијата во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку едно лице е убиено, а 13 се повредени, во пукотница на семејна забава во Хјустон