Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје. Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани, информираат од Обвинителството.

– Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.

Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.

Би можело да ве интересира

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски