ПССЕ ја поздравува секоја иницијатива за расветлување на наводите за корупција

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја поздрави заедничката истрага спроведена од низа медиуми и Проектот за известување за организиран криминал и корупција, за така наречената „кавијар дипломатија“, јави дописникот на МИА.

– Ги поздравуваме сите иницијативи за расветлување на наводите за корупција во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Можеме само да го повториме повикот за сведочење пред независното надворешно истражно тело, формирано од ПССЕ во јуни 2017 година. ПССЕ веќе почна со работа за да се спроведе независна истрага за обвинувањата за корупција и промовирање на интереси против одредени членови или поранешни членови на Собранието, изјави Сер Роџер Гајл, доајен на потпретседателите на Советот на Европа.

Тој додаде дека сите кои сакаат да достават докази тоа можат да го направат со писмена изјава до [email protected], што е можно поскоро.

ПССЕ во јуни ја ратификува одлуката на своето биро за наначување на тричелна независна надворешна група за истрага, која треба да ги испита наводите за корупција во рамките на паневропската асамблеја.

Членови на комисијата се: Сер Николас Браца (Велика Британија), поранешен судија и поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права; Жан-Луј Бругиер (Франција), поранешен судија задолжен за истраги, особено во случаи поврзани со тероризам, експерт при меѓународни организации и држави во борбата против тероризмот и Елизабет Фура (Шведска), поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и поранешниот началник на Парламентарниот Народен правобранител во Шведска, правен советник

Мисијата на групата е да провери дали постојат индивидуални однесување на членови или поранешни членови на ПССЕ кои не се во согласност со одредбите на Кодексот на однесување за членовите на Парламентарното собрание и други релевантни етички текстови.

Во јуни ПССЕ одлучи за спроведување на принципот на одговорност на ПССЕ, промовирање на интегритет во владеењето во борбата против политичката корупцијата и парламентарната контрола на корупцијата, ова по аферата „кавијрагејт“ и наводната корпуција на некои членови на ПССЕ од страна на Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Катерина Ѓуровски

Претставници на ЕУ: Патот кон ЕУ е јасен и отворен и нема алтернатива