Психологијата на тероризмот

Од:

Политика – Белград

Планетата по која се шири тероризмот се помалку е поволна за живот. Тероризмот го нарекуваат и петиот јавач на Апокалипсата. Древната четворка на тие морбидни јавачи биле болеста, смрта, војната и гладта. Овие коњаници се поврзани во еден ист ланец: болеста предизвикува смрт, колевка на смртта е војната, а војната е татко на гладта!

Тероризмот ги надминува сите четири кобни јавачи на човечката историја: тој им додава подлост и ненадејни удари. Под неговите канџи луѓето се преплашени и бегаат како обезглавени. Не се знае ни од која страна удира, ни кој удира. Сите стануваат бездомници, домот, човечкото родителско срце, скриените паликуќи ги запалија.

Во 20 век создадени се терористички држави, фашистички и нацистички. Тие ја создадоа идеологијата на смртта која е суштина на теророт. Страшни биле плановите на тие држави за истребување на цели нации, за нивно преселување и обездомување. На ужас на хуманистите, тие држави убиле милиони луѓе.

Дали има психолошки мелем против тероризмот кој се заканува? Има, и тој е чудесен. Кога првите космонаути тргнале во Вселената, таму ги дочекала вселенска празнина. На Земјата се враќале шокирани. Водачот на советската програма, академикот Сједов, барал помош од психолози. Но, тие ја примениле спортско-милитантната доктрина за потреба од јакнење на факторот на волјата и патриотската свест. Меѓутоа и следните летачи во студената Вселена се враќале со нервен слом. Тогаш Сједов довел нови психолози, им дал литература од постфројдовска наука, до тогаш непреведена…

Летачите третирани со мудроста на 20-от век, се спуштиле на Земјата со добар дух. Ним терапевтите им го дале овој совет: „Кога ќе се најдете во вселената, ќе бидете опколени од сите страни со негостољубив апсурд. Тогаш држете се до овие правила: Молчи и трпи и секој момент очекувај нешто уште полошо!“

Тоа се покажало како единствен исправен третман против стравот кој те обзема кога си подложен на мрачни сили од сите страни и од сите непознати правци.

Токму како вселенската неизвесност која не може да се контролира, врз нас влијае петиот јавач на Апокалипсата – тероризмот. Тој е плод на идеологијата на смртта, а целта му е насилно воспоставување на власт.

На него не можеме да одолееме со безгрижно храбрење. Можеме да го спречиме и со обезглавено срце да најдеме смирение само ако се држиме до мрачната и очајничка девиза – Молчи и трпи и секој момент очекувај нешто уште полошо!

Тероризмот е оружје на брутална сила и закана со смрт.

За жал, наспроти човековиот дар за бестрашност, се покажа дека циничните и ѕверски закани со смрт на жртвите на тероризмот делуваат така што во нив будат хипнотичка поврзаност за убијците. Тоа е т.н. стокхолмски синдром. Кога една терористичка група во Стокхолм фатила невини заложници, по нивното ослободување спасувачите биле вџашени. Ослободени од повеќедневните закани со смрт, заложниците почнале да ги молат вооружените командоси да бидат благи кон нивните киднапери.

Барале фер-плеј, бидејќи тоа навистина биле прекрасни луѓе… Секако, ако на некого десет дена му држат цевка во слепоочница, тој потпаѓа под хипноза и во него се буди благодарност за секоја секунда во која орозот не бил повлечен.

Навистина, застрашувачка е и психологијата која го следи петиот јавач на апокалипсата.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј