Прво директно соочување на кинеската војска и демонстрантите во Хонгконг

Од:

Кинеските војници ги предупредија демонстрантите во Хонгконг, кои со ласери ги осветлувале нивните воени бараки во градот, за кршење на законот, во првата директна интеракција на кинеските воени сили со демонстрантите во овој полуавтономен регион.

Предупредувањето од Народноослободителната армија на Кина уследи по насилните судири на демонстрантите со полицијата од Хонгконг во текот на митингот на десетици илјади граѓани.

Во текот на најновите немири во рамки на четиримесечните антивладини демонстрации, полицијата фрли солзавец и со пендреци ја растури толпата, додека некои демонстранти фрлаа цигли и молотови коктели.

Демонстрантите ги прекриле лицата пркосејќи им на властите кои активираа вонредни овластувања од колонијалните времиња и забранија носење маски со закана од едногодишна затворска закана за оние што ќе ја прекршат забраната.

Полицијата уапси многу луѓе откако на сила се новите правила. Полицајците им ги врзувале рацете и им го откривале лицето пред да ги стават во автобуси.

Во друг случај денеска, единица на кинески војници во Хонгконг предупредила група демонстранти дека можат да бидат уапсени, бидејќи со нивните ласери целеле кон ѕидовите на воените бараки.

Кинеските војници застале на покрив од зграда држејќи натпис на англиски и кинески јазик:

„Предупредување. Го кршите законот. Може да ве гониме поради ова“.

Војниците ги осветлиле демонстрантите со рефлектори и ги набљудувале нивните движења со двогледи и камери.

Во август, Пекинг распореди илјадници војници по должината на границата со Хонгконг, што државната новинска агенција го опиша како „рутинска ротација“.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он