Првиот телескоп-ловец на астероиди ќе биде лансиран во орбитата на 25 февруари

Од:

Првиот орбитален телескоп-ловец на астероиди во светот ќе биде лансиран во орбитата на 25 февруари, соопшти Канадската вселенска агенција.

Претходно се очекуваше телескопот да биде лансиран во геостационарната орбита на 18 февруари, но датумот на стартот мораше да биде коригиран, пренесоа руските медиуми.

Сателитот за набљудување на објектите околу Земјата ќе биде лансиран во вселената од индиската ракета-носач, што ќе полета од вселенската лансирана станица Шрихарикота.

Телескопот е создаден од канадски конструктори по нарачка на Канадската вселенска агенција и канадското Министерство за одбрана.

Од Канадската вселенска агенција посочуваат дека НЕОССАТ е не само првиот канадски вселенски телескоп, туку и првиот телескоп во светот што е специјално конструиран за откривање и следење на астероиди од орбитата.

Создавањето на апаратот чинело 25 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата