Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Од:

Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, на 4 септември во Санкт Петербург изјави дека постои реален ризик од избивање голем конфликт ширум Евроазија.

Наришкин ова го изјави на 22. состанок на Конференцијата на шефови на безбедносните агенции и разузнавачките служби на земјите членки на Заедницата на независни држави, на собир посветен на безбедносните прашања во регионот.

Според неговите зборови, опасноста од поширок конфликт предизвикува сериозна загриженост.

Тој додаде дека, според информациите со кои располага руската Служба за надворешно разузнавање, европските лидери веруваат во контролирана ескалација и стратегија за доведување на ситуацијата до работ на конфликт.

„Ризикот од избивање голем конфликт ширум Евроазија е сосема реален и предизвикува исклучително сериозна загриженост. Според нашите информации, европските лидери веруваат во контролирана ескалација и стратегија за доведување на ситуацијата до работ на конфликт, која западните разузнавачки агенции ја развиле во минатиот век“, изјави Наришкин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина