Првиот човек на Црвениот крст ги повика Израел и Хамас да го запрат насилството

Од:

Шефот на Меѓународниот одбор на Црвениот крст, Роберт Мардини ги повика денеска Израел и Палестинците да најдат политичко решение со цел да се спречи насилството, како што се минатомесечните непријателства на границата на Појасот Газа.

За време на неговата прва посета на Газа во последните четири години, Мардини ги обиколи областите уништени од израелските бомбардирања за време на 11-дневните борби, вклучувајќи го и патот на кој загинаа 42 лица.

– Навистина ви го крши срцето кога гледате и слушате луѓе кои го платија данокот на оваа ескалација – жени, деца, цивили кои сигурно живееја во своите станови и се најдоа под овие урнатини кои ги гледаме зад нас. Се надевам дека ова е последен пат уште еднаш да бидам сведок на резултатите и хуманитарното влијание на уште еден циклус на насилство и ескалации, истакна тој.

Медицинските власти во Газа соопштија дека во израелските воздушни напади биле убиени 253 Палестинци. Ракетите истрелани од Палестинците, пак, убија 13 лица во Израел.

– Она што навистина е потребно е политичко лидерство од сите страни за да се избегне луѓето повторно да се најдат на борбената линија поради уште една ескалација. Политичкото лидерство мора да најде одржливо решение, потрајно од она на кое бевме сведоци во изминатата деценија и пошироко, додаде Мардини.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он