Први предизбори во унгарската опозиција: oбид за обединет настап против партијата на Орбан

Од:

Унгарската опозиција денеска гласа на досега невидени дополнителни избори од кои треба да се избере заедничкиот кандидат за изборите во април 2022 година, потег што може да се покаже како најголема закана за долгогодишното владеење на премиерот Виктор Орбан.

По години расправии и болни загуби, некогаш поделената опозиција се собра околу една заедничка цел: победа над долгогодишниот конзервативен премиер на парламентарните избори следната година.

Охрабрени од општинските избори во 2019 година, шест партии од лево кон десно одлучија да се обединат.

Опозицијата го обвинува Орбан за ендемична корупција и воспоставување авторитарен режим откако дојде на власт во 2010 година.

Партиите се надеваат дека новиот предизборен систем ќе биде начин да се победи Фидес, партијата на Орбан, која веќе над една деценија суверено владее во Унгарија.

-Опозицијата може да се натпреварува со Фидес само доколку се обедини во еден блок, а ние тоа го научивме на потежок начин, изјави Антал Чарди, кандидат на зелената партија ЛМП.

„Се освен Орбан“ е мотото на опозицијата и покрај идеолошките разлики во блокот, наведува аналитичарот Даниел Микеч.

Орбан и неговата партија Фидес забележаа три големи изборни победи по ред од 2010 година, главно благодарение на изборниот систем „победникот зема се“, што ги наградува големите партии.

Дополнителните избори ќе траат до 26-ти септември, а вториот круг ќе се одржи од 4 до 10 октомври доколку е потребно за од тројца последни кандидати да се избере главниот кандидат за функцијата премиер.

Гласањето може да се спроведе електронски и на штандови поставени на јавни места, како што се паркови или трговски центри.

На изборите учествуваат над 250 кандидати.

Овие историски предизбори ќе им овозможат на опозициските гласачи да изберат кандидати кои ќе се борат против самиот Орбан и кандидати кои ќе бидат ривали на Фидес во сите 106 изборни единици.

Фаворити се 41-годишниот Питер Јакаб, лидер на партијата Јобик, која некогаш беше екстремно десничарска партија, Гергели Караскони, 46-годишниот либерален градоначалник на Будимпешта и социјалистичката европратеничка, 49-годишната Клара Добрев.

Караксони, кандидатот на помалата Партија на зелените на локалните избори во 2019 година го победи градоначалникот на Фидес. Тој нагласи дека соработката на опозицијата на тие избори може да биде модел и за парламентарните избори следната година.

Караксони пред два дена изјави дека очекува да победи на изборите за да може да се соочи со Орбан.

-Можам најдобро да ја обединам опозицијата и да ја одржам заедно, рече Караскони.

Би можело да ве интересира

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски