Први легални работнички протестиво историјата на Индонезија

Од:

За прв пат во историјата на Индонезија на 1 мај ќе се одржат работнички протести. Организаторите денеска најавија дека во Џакарта организирано ќе протестираат над 100.000 работници од целата држава. Протестниот марш ќе започне на скверот  „ Индонезија ’’ и ќе помине покрај претседателската палата, за да заврши на големиот стадион во централниот дел на главниот град.

Индонезиските синдикати, во кои сега членуваат над 3,5 милиони работници ги организираат протестите по минатогодишната одлука на претседателот Сусило Бамбанг први мај да се прогласи за национален празник и во Индонезија. Синдикатите ќе достават 10 барања до владата и работодавачите, меѓу кои се закон за минимална плата и зголемување на сегашните плати за 50 посто.

Дел од работодавачите, во обид да ги спречат протестите, на вработените им понудија двојно повисока дневница ако работат и на празникот. Одлуката ја осуди индонезиското министерство за труд и трансмиграција кое соопшти дека очекува демократска атмосфера за време на работничките протести.

Би можело да ве интересира

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски