Првата турнеја на Трамп во странство ќе ги опфати Саудиска Арабија, Израел и Ватикан

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека кон крајот на месецов ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел и Ватикан, во текот на неговата прва турнеја во странство откако стапи на должноста.

Американскиот претседател, по посетата на овие три земји, планира да учествува на самитот на Г-7 во Сицилија и на НАТО во Брисел.

– Моето прво патување во странство како претседател на САД ќе биде во Саудиска Арабија, потоа во Израел, а потоа на место каде кардиналите многу ме сакаат, Рим, изјави Трамп.

Ватикан потврди дека папата Франциско ќе го прими Трамп на 24 мај. Средбата ќе се одржи во 8.30 часот, по локално време.

Папата Франциско е критичен кон позициите на Трамп за мигрантите и бегалците.

По средбата со папата, Трамп ќе разговара и со државниот секретар на Ватикан – кардиналот Пиетро Паролин, кој е премиер на Ватикан и со архиепископот Пол Галагер, кој е министер за надворешни работи на папата, соопшти Ватикан.

Потоа Трам ќе учествува на средбата на врвот на НАТО во Брисел на 25 мај и на самитот на Г-7 на 26 и 27 мај во Таормина, Сицилија.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски