Првата серија на експерименталната вакцина пристигнува во Либерија

Од:

Првата серија на експерименталните вакцини против еболата се испратени во Западна Африка и се очекува во текот на денот да пристигне во Либерија, соопшти британската компанија „ГлаксоСмитКлајн“ (ГСК), која ја произведува вакцината.

Серијата од првите 300 вакцини прво ќе стигне во една од трите најпогодени африкански земји зафатени од еболата.

Во следните недели ќе бидат спроведенио првите тестирања во поголем обем, а здравствените работници кои помагаат во негата на заболените од ебола ќе бидат првите што ќе примат вакцина.

Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ја тестираат вакцината на 30.000 луѓе.

Вакцината која заедно ја развија Националниот здравствен институт во САД и биотехниолошката компанија „Окаирос“, а ГСК ја откупи во 2013 година, во моментот се тестира на пет локации, а во првата фаза на тестирање спроведено во Велика Британија, во САД, во Швајцарија ии во Мали учествуваа околу 200 здравствени волонтери.

– Податоците добиени врз основа на тестирањетро во првата фаза не охрабруваат и напредуваме кон следните фази на клинички тестирања, при што ќе се тестираат илјада волонтери, вклучително и здравствените работници во првите линии на фронтот, изјави Монсеф Слауи од ГСК.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека забавува епидемијата на ебола во Западна Африка, но предупреди на внимателност бидејќи за време на епидемијата регистрирани се 21.724 случаи во девет земји откако изби во Гвинеја пред една година.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски