Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Од:

Пациентите со меланом и микроцелуларен рак на белите дробови би можеле да бидат првите кои ќе ja примат новата вакцина против рак во клиничките испитувања, изјави директорот на рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинзбург.

– Сега работиме со меланом, бидејќи едноставно технички е полесно да се работи. Тоа е на површината на кожата, се е видливо, но ќе има и други. Казанскиот институт за медицина и биологија спроведува истражување на други модели, особено на микроцелуларен рак на белите дробови, од кој умираат околу 1,2 до 1,3 милиони луѓе ширум светот. Станува збор за еден од најчестите малигни тумори – изјави научникот за руските медиуми.

Како што појасни, процедурата за тестирање ќе се разликува од вообичаената, така што нема да има класична прва, втора и трета фаза.

Вакцината против рак е заеднички развиена од: Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Н.Ф. Гамалеја“, Московскиот истражувачки институт за онкологија „П.А. Херцен“ и Националниот медицински истражувачки центар за онкологија „Н.Н. Блохин“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски