Првата дама на САД, Џил Бајден, им искажа поддршка на украинските бегалци во Романија

Од:

Американската прва дама, Џил Бајден, која за време на престојот во Европа сака да ја покаже поддршката за Украина и земјите кои и помагаат, денеска во Букурешт се сретна со членови на семејствата на украински бегалци од руската инвазија.

Во придружба на Кармен Јоханис, сопругата на романскиот претседател, Џил Бајден посети училиште во кое настава следат околу 50 украински ученици. Таа разговараше со неколку деца, а потоа ги слушаше сведоштвата на наставниците и мајките кои и кажаа за тешкотиите на кои биле подложени во Украина. Тие и зборувале и за заедничките напори да се организираат часови за децата бегалци во Букурешт.

-Вие сте исклучително силни, рече првата дама во разговорот со соговорниците. „А ние ви го чуваме грбот, се надеваме дека го знаете тоа“, додаде таа.

Романија, која граничи со Украина, досега примила повеќе од 860.000 бегалци. Во неа се уште има околу 80.000. Според Фондацијата „World Vision“, половината или 40.000 од нив се деца, од кои само пет отсто се запишани во образовниот систем на Романија.

Утринава првата дамана САД кратко разговараше со претседателот Клаус Јоханис, а потоа присуствуваше на состанокот на членовите на агенциите на ОН и невладините организации, посветен на хуманитарната помош за бегалците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков