Прва средба меѓу Обама и Мадуро на самитот во Панама

Од:

Американскиот претседател Барак Обама првпат разговараше со венецуелскиот колега Николас Мадуро на Самитот на Организацијата на американски држави во Панама, при што му изјавил дека и покрај тензиите меѓу двете земји, официјален Вашингтон не сака да му се заканува на Каракас.

Според американската администрација, Обама и Мадуро синоќа се сретнале на неколку минути на маргините на самитот, каде венецуелскиот лидер претходно во своето обраќање пред учесниците на собирот се пожалил на санкциите од САД против венецуелските функционери.

– За време на краткиот состанок со Мадуро, Обама изрази поддршка за мирниот дијалог меѓу венецуелските власти и опозицијата, изјави портпаролот на Белата куќа, Кетрин Варгас.

Шефот на американската држава, исто така, истакнал дека „САД не сакаат да и се закануваат на Венецуела, туку ја поддржуваат демократијата, стабилноста и просперитетот на земјата и целиот регион“.

Мадуро пристигна на самитот во Панама, на кој учествуваа претставници од 35 земји, со цел да побара од Обама повлекување на одлуката за воведување санкции против венецуелски функционери, истакнувајќи дека биле собрани 13 милиони потписи против ваквите мерки.

– Ве почитувам, но не ви верувам претседателе Обама, изјавил Мадуро на форумот, иако американскиот претседател во тој момент не се наоѓал во салата.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас