Прв смртен случај од птичји грип во Виетнам

Од:

Едно четиригодишно момче од јужната виетнамска провинција Донг Тап почина како  последица на инфицираност од вирусот H5N1, што претставува прва жртва на птичјиит грип во Виетнам по повеќе од една година.

Како што соопштија денеска виетнамските власти, детето било хоспитализирано на 23 март со симптоми на треска, по што починало на 4 април. Извршените испитување на земените примероци од него, поврдиле дека тоа боледувало од птичји грип.

Виетнамските власти посочуваат дека болеста кај детето не е поврзана со новиот тип на вирусот на птичјиот грип H7N9, кој од февруари, па досега во Кина однесе седум животи.

Во соопштението се посочува дека детето се разбилело откако во неговиот дом било заклано пиле, кое најверојатно било заболено од птичји грип.

Последниот смртен случја од птичји грип во Виетнма беше регистриран во февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам