Прв случај на фудбалер во Премиер лига со коронавирус

Од:

Крилото на Челси, Калум Хадсон-Одои, е заразен со коронавирус, објави лондонскиот клуб. Резултатите од тестот за КОВИД-19 на младиот фудбалер беа позитивни и тој веќе е под карантин. Хадсон-Одои е првиот англиски фудбалер во Премиер лигата на кого му е дијагностициран коронавирус.

Сите вработени во Челси кои биле во директен контакт со играчот ќе бидат изолирани во согласност со мерките што ги препорача британската влада. Оние кои не биле во близина на Хадсон-Одои, ќе можат да се вратат на работа во рок од неколку дена. Дел од тренинг центарот на „сините“ ќе биде затворен за пристап.

Хадсон-Одои покажал симптоми на блага настинка во понеделникот наутро и оттогаш не тренирал. Резултатот од неговиот тест за коронавирус излезе синоќа и беше позитивен. Како и да е, фудбалерот се чувствува добро и се надева дека наскоро ќе ја продолжи својата работа.

– Му посакуваме на Калум брзо закрепнување и со нетрпение очекуваме да го видиме повторно во клубот, напиша Челси.

Деветнаесет-годишниот играч има 27 настапи на сите турнири оваа сезона, постигнувајќи 4 голови и 6 асистенции.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски