Прв пробен лет на новиот „Ербас A350-1000“

Од:

Од аеродромот во Тулуз изутринава полета првиот модел на новиот двомоторен авион на „Ербас“, A350-1000, јави дописникот на МИА од Париз.

Новиот „Ербас А350-1000“ е најголем цивилен авион на европски авиопроизводител, за кој компанијата се надева дека ќе претставува сериозна конкуренција на моделот  „Боинг 777“.

Авионот е изграден од јаглеродни влакна што го праби полесен. Тој е седум метри подолг од веризјата А350 и може да понесе 40 лица повеќе.

Првиот лет, на кој присуство неколку извршни директори на авиокомпании кои имаат инвестирано во авионот, предвидено е да трае три часа.

A350-1000 е дизајниран за да го разбие монополот на пазарот што го има „Боинг“, кој во моментов доминира на профитабилниот сегмент на т.н. „мини-џамбо“ летала.

Авионот што полета изутринава е еден од трите модели на A350-1000, за кои е предвидена интензивна програма на тест летови во текот на оваа зима. Официјално пуштање во комерцијална употреба на овој тип летала е предвидено за втората половина на 2017 година.

A350-1000 е долг 74 метри, односмо 130 сантиметри подолг од моделот A380, со е најдолгиот авион во палетата летала на „Ербас“. Тој во стандардната верзија ќе може да прими до 366 патници во три класи и ќе има долет од 12.700 километри.

До 30 септември годинава „Ербас“ доби 195 нарачки на А350-1000.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз