Нигериската исламистичка група Боко харам вчера првпат изведе напад врз соседен Нигер. Мета на нападот беше градот Босо.
Тоа е втор напад на Боко харам врз соседна држава, откако во средата нападна во Камерун, при што беа убиени 70 луѓе.
Исламистите контролираат голем дел од североисточна Нигерија, а соседните држави ветија дека ќе испратат војска која ќе помогне во борба против екстремистите од Боко Харам.