Прв гувернер на Џакарта со кинеско етничко потекло

Од:

По изборот на досегашниот гувернер на Џакарта Јоко Видодо за претседател на Индонезија, кој е првиот претседател на ова држава кој не доаѓа од воената или бизнис елита, во 250 милионската држава се случува уште еден, до скоро доста тешко предвидлив политички преседан – со провинцијата Џакарта првпат во историјата на Индонезија ќе управува човек со кинеско етничко потекло. Досегашниот заменик гувернер, Басуки Пурнама, роден 1966 година потекнува од кинеско етничко семејство што живее на островот Суматра.

Државјаните на Индонезија од кинеско етничко потекло, по нуспешниот обид на индонезиските комунисти да ја преземат власта во 1967 година, беа обвинети за кинески експоненти и им беа одземени сите права. Многумина од нив, како што е случајот со синот на рударот Ким Нам за да може да опстане и студира го зема името Басуки Пурнама, ја задржал протестанската вера и успешно се вклопил во бизнисот иполитиката во Џакарта.

Етничките Кинези во Индонезија постапно ги добиваа човековите права, но во повеќенационалната, но претежно муслиманска, Индонезија на нив не се гледаше со симпатии. Покрај „историскиот гнев кон нив’’ етничките кинези немаа симпатии кај другото население најмногу поради тоа што и во времето на Сухарто, но и по неговиот пад во 1998 година фактички контролираа, или менаџираа над 90 отсто од вкупната индонезиска економија.

Како најблизок соработник на Видодо во водењето на главниот град на Индонезија и неколку поголеми блиски граови во состав на провинцијата, новиот гувернер на проинцијата Џакарта, покрај другото ќе треба да ги координира активностите за собирање и трошење над 25 милијарди долари од даноци и други приходи. Тој веќе ги ужива симпатиите на медиумите, а денешниот „Џакарта Пост“ профилот на гувернерот Басуки Пернама го завршува со реченицата – Ќе биде успешен гувернер,а и иден претседател, зошто да не?

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени