Едно лице е рането денеска во раните утрински часови при експлозија на автомобил-бомба во близина на објект на воената полиција во либискиот главен град Триполи.
Ова е прв бомбашки напад во Триполи по падот на режимот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во август минатата година.
Претставник на либиските безбедносни сили информ0ира дека ранетиот при експлозијата е државјанин на Тунис. Засега е нејасно кој бил цел на нападот и кој стои зад него.
Во последниве денови имаше неколку напади врз припадници на либиските безбедносни сили, но тие првенствено беа ограничени на реоните во источниот дел на Либија.