Прв блокиран налог на Твитер

Од:

Дваесетина членови на неонацистичката група „Бесерес хановер“ се под истрага заради поттикнување расна омраза и формирање криминална организација, а нивниот налог беше првиот што го блокира Твитер.

Германската полиција побарала од Твитер да го блокира налогот на неонацистичката група „Бесерес хановер“ заради поттикнување расна омраза и формирање криминална организација.

– Во јануари најавивме можност дека ќе блокираме некои содржини. Тоа прв пат го направивме во Германија на една група, напиша на Твитер правниот советник на социјалната мрежа, Алкес Макгиливри.

-Никогаш не сакавме да блокираме содржина, но добро е да се има средства да го направиме целно и транспарентно, додаде застапникот на Твитер.

Макгиливри објасни дека Твитер може повремено да повлече некои содржини од одредени земји ако добие директно барање од надлежните власти.

Застапникот на Твитер објави писмо на германската полиција која побарала од Твитер да го блокира налогот на неонацистичката група „Бесерес Хановер“ која е забрането од 25 септември.

Налогот на таа група и понатаму се води во Германија, но можат да се прочитаат само пораки поставени од претходниот ден. Во другите земји, пораките објавени после забраната на таа група можат да се видат.

Околу 20 членови на групата „Бесерес Хановер“ се наоѓаат под истрага, заради поттикнување расна омраза и формирање криминални организации.

Групата е осомничена дека испраќала видео пораки со закани до регионалната министерка за социјални прашања од турско потекло.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски