Провокација: Зеленски издаде „дозвола“ на Русија за парада на Црвениот плоштад

Од:

На Русија не ѝ треба ничија дозвола за одржување на Парадата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде официјален декрет со кој ѝ се дозволува на Москва да одржи воена парада на Црвениот плоштад.

„Не ни треба ничија дозвола. Тешко на секој што се обидува да се потсмева на Денот на победата и прави такви глупави шеги. Тоа е веројатно нивниот најголем проблем“, изјави Песков пред новинарите, пренесува ТАСС.

Зеленски синоќа издаде официјален претседателски декрет со кој ѝ се дозволува на Русија да одржи воена парада на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, според веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател.

„Земајќи ги предвид бројните барања и од хуманитарни причини наведени во преговорите со американската страна на 8 мај 2026 година, со ова издавам: дозвола за одржување парада во Москва (Руска Федерација) на 9 мај 2026 година“, се наведува во декретот, објави УНИАН.

Документот, исто така, јасно ги дефинира временските и просторните ограничувања за парадата: од 10:00 часот наутро по киевско време (иако без да се наведува времето на завршување на парадата) и строго во границите на Црвениот плоштад во Москва.

„Територијата на Црвениот плоштад е исклучена од планот за употреба на украинско оружје“, се наведува во документот, наведувајќи ги точните географски координати на овој плоштад.

Според него, прекинот на огнот ќе вклучува прекин на сите воени активности, како и размена на 1.000 затвореници од секоја земја.

„Го поднесов ова барање директно и многу го ценам договорот на претседателот Владимир Путин и претседателот Володимир Зеленски“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Би можело да ве интересира

Хаос на нафтениот пазар: Дронови запалија саудиски нафтени постројки, загрозена главната извозна рута

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

Москва испрати итен апел: „Украина го загрозува цивилното воздухопловство“