Проветрувајте и дезинфицирајте откако ќе си заминат гости од вашиот дом, советува француски шеф на здравствена служба

Од:

Раководителот на француската јавна здравствена служба, Жером Соломон, изјави дека граѓаните, доколку поканат гости дома, треба да носат маски, а подоцна да го проветруваат домот и да ги дезинфицираат контактните површини.

На прес-конференција, прва по олеснувањето на мерките на 11 мај, тој ги предупреди Французите да ја почитуваат физичката дистанца кога се дружат со пријателите.

– Вирусот е се уште тука и е смртоносен, нагласи тој.

На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, што траеше 55 дена, бројот на заразени со коронавирус во Франција дневно не се зголеми значително.

Во вторникот, коронавирус беше потврден кај 524 лица, а вкупно кај 143.427, или зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просекот од 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот.

Сепак, тоа е значително помалку од 0,8 проценти дневно зголемување во последните две недели на карантинот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата