Протести во Никарагва, Ортега подготвен да го преиспита предлогот

Од:

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега изјави дека е подготвен да го преиспита предлогот за реформа на пензискиот систем во земјата, која покрена протести со најмалку шест мртви. Меѓу загинатите е и еден новинар.

Работниците и работодавачите на Никарагва во средата почнаа протести, гневни поради планот, според кој, тие треба да издвојат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидува и намалување на пензиите за пет проценти.

Ова се најголемите протести и најлошата криза што ја погоди оваа централно-американска земја откако Ортега дојде на власт пред 11 години.

Ортега претходно изјави дека овие промени нема да бидат готови до 1 јули, давајќи и така на владата време да преговара со приватниот сектор и да се преиспита реформата.

– Ние можеме, се надевам, да најдеме подобар начин да ги направиме овие промени. Можеме да најдеме начин да го покриеме делот кој се однесува на работниците, а особено на пензионерите, рече Ортега.

Лоби на приватниот сектор, високо рангирано во Никарагва, најави дека нема да влезе во преговори, додека владата не ја сопре полициската репресија, не ги ослободи приведените и не воспостави слобода на говор.

– Ја повикуваме владата веднаш да создаде услови за избегнување на поголемо крвопролевање, се вели во соопштението на лобито на приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска