Протести во Бејрут поради прекината истрага за експлозијата во 2020 година

Од:

Стотици Либанци, главно роднини на луѓе кои загинаа во експлозијата во пристаништето во Бејрут, денеска протестираа против „замрзнувањето“ на истрагата.

Како што пренесуваат странскит агенции, Тарек Битар, судијата што ја води истрагата за најсмртоносна катастрофа во Либан во период на мирно време, ја прекина својата работа во понеделникот поради пречките што ги поставуваат политичарите.

Демонстрантите се собраа пред судот во Бејрут под строг полициски надзор и поставија голем транспарент на кој пишуваше: „Нема да не убиете двапати“.

И претходникот на Битар, Фади Саван, беше отстранет од истрагата претходно оваа година, откако испрати покани до поранешните министри и влијателни луѓе во врска со експлозијата.

„Ние страдаме 13 месеци поради мешање на политичарите во истрагата“, рече Рима ал Захид, чиј брат, кој беше вработен во пристаништето, загина во експлозијата.

На 4 август 2020 година, во две експлозии по ред во Бејрут загинаа 215 луѓе, а илјадници беа повредени. Експлозијата целосно уништи поголем дел од пристаништето и околните населби. Трагедијата беше предизвикана од голема пратка амониум нитрат, која беше складирана во пристаништето без да се почитуваат безбедносните мерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски