Протест во Џакарта: Безбедноста во авиосообраќајот пред профитот

Од:

Членови на семејства на некои од 189-те лица, кои кон крајот на октомври загинаа при пад на авион на индонезиската компанијата „Лајн ер“, протестираа денеска во главниот град на Индонезија, Џакарта, тврдејќи дека властите не вложуваат максимални напори за да се извлечат остатоците од леталото и останките на нивните блиски од морето.

Авионот „Боинг 737 МАКС“ се урна во Јаванското Море на 29 октомври, набрзо откако полета од Џакарта.

Семејствата на жртвите се револтирани затоа што досега не се идентификувани телата на 64 патници и се пронајдени само 30 отсто од авионот.

Учесниците на протестот, што се одржа пред претседателската палата во Џакарта, носеа транспаренти со кои бараа авиокомпанијата „Лајон ер“ да ја стави „безбедноста пред профитот“, а претседателот на Индонезија, Џоко Видодо да обезбеди да бидат извлечени сите човечки останки.

Семејставата на загинатите укажуваат дека Јаванско Море е длабоко само 35 метри и оти не се вложени максимални напори во потрагата.

Напорите за извлекување на остатокот од авионот и пронаоѓање на втората црна кутија, треба да продолжат следната недела.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници