Болничарите, лекарите и медицинските сестри излегоа на улиците на колумбискиот град Богота за да ги поддржат колегите и да протестираат поради доцнењето на платите среде пандемијата на Ковид-19.
Во придружба на полицијата, здравствените работници застанаа пред клиниката на северот на градот за да им аплаудираат на колегите кои работат таму.
Здравствените работници протестираат и поради тоа што граѓаните не го почитуваат 19-дневниот карантин воведен од државата, кој треба да трае до 13 април, без да наведат дали истиот ќе биде продолжен.
– Многу е тешко да се борите сами. Тешко е кога ќе видите дека заедницата не соработува, кога гледате граѓани како одат по улиците без заштита“, рече еден од демонстрантите, пренесува Танјуг.
Медицинската сестра Андрес Мерчан рече дека е должност на здравствените работници да им помагаат на другите, но дека некој треба и ним да им помогне.
Иако колумбиската Влада објави дека ќе бидат уплатени повеќе од 1,47 милијарди долари за борба против коронавирусот, вработените велат дека парите не стигнале до работниците.
– Бараме од Владата да ни помогне, да бидат платени, рече Мерчан.
Во Колумбија се потврдени повеќе од 1.000 случаи на новиот коронавирус, од кои 17 лица починаа.