Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Од:

Франција денеска во Париз ја прослави 79-годишнината од победата на сојузниците над нацистичка Германија на 8 мај 1945 година – објави парискиот весник Фигаро и истакна дека овој пат претседателот Емануел Макрон не го одржал вообичаениот говор на прославата.

Како што налага традицијата, претседателот му оддаде почит на генералот Шарл де Гол со положување венец на неговиот споменик, а потоа, придружуван од Републиканската гарда, прошета по авенијата Шанзелизе до историскиот споменик на Триумфалната капија каде запали пламен на гробот на Незнајниот јунак.

Минатата година Макрон одржа говор во кој ги потврди вредностите на слободата и мирот, но денес немаше говор – пишува Фигаро и прашува дали можеби тоа е затоа што Макрон треба да пристигне денеска во Марсеј за официјално да го пречека олимпискиот оган за лето. Олимписките игри кои започнуваат на 26 јули и ќе бидат во Париз до 11 август.

Премиерот Габриел Атал, министерот за одбрана Себастиен Лекорни и воените лидери присуствуваа на церемонијата на Денот на победата во Париз.

Денешната прослава, како и вечерашното пречекување на олимпискиот оган, се придружени со засилени безбедносни мерки ширум Франција.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина