Прошталната турнеја на Обама: Грција, Германија и Перу

Од:

Американскиот претседател Барак Обама следниот месец за последен пат во својство на шеф на држава ќе ги посети Грција, Германија и Перу, соопшти денеска Белата куќа.

Турнејата, која ќе трае од 14 до 21 ноември, ќе следи само неколку дена откако ќе биде избран наследникот на Обама.

– Оваа посета ќе го нагласи претседателското обврзување кон трансатланската солидарност, силната и интегрирана Европа и соработката со некои азиско-пацифички партнери, изјави портпаролот на Белата Куќа, Џош Ернест.

Обама во Грција ќе се состане со претседателот Прокопиос Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас и ќе изрази поддршка за економските реформи во земјата.

На 17 и 18 ноември Обама ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел за Украина, Сирија и борбата против ИД.

Се очекува дека во Берлин Обама ќе се состане со група европски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и британската премиерка Тереза Меј.

Во Перу претседателот на САД ќе присуствува на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка во Лима, кој ќе се одржи од 18 до 20 ноември.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас