Проруските сепаратисти можат да го загрозат снабдувањето на Европа со гас

Од:

Проруските сили што се борат против украинската војска на истокот на Украина можат  да ја оштетат гасната транзитна инфраструктура и на тој начин да го загрозат снабдувањето  на Европа со гас, соопшти денеска украинскиот Совет за безбедност.

Половина од рускиот гас што се извезува во Европа минува низ украинска територија, вклучувајќи го и истокот на Украина кој е под контрола на проруските сили, пренесоа британските медиуми.

„Руските платеници почнаа акции што можат да доведат до оштетување на транзитниот систем за гас на привремено окупираната територија (истокот на Украина)“, се наведува во соопштението на украинскиот Совет за безбедност.

„Тоа може да биде закана за снабдувањето на Европа со гас“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста