Проруски демонстранти протестираа во Берлин

Од:

Околу 100 проруски настроени демонстранти, синоќа во Берлин, го прекинаа предизборното обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел, повикувајќи да се „уапсат нацистите во Украина“, пренесе „Франс прес“.

Протестот се одржа зад бариерите, во задниот дел од салата во која се одржуваше собирот, на кој што во организација на владеачката Христијанско-демократска унија присуствуваа околу 200 лица.

Еден од говорниците на собирот по повод претстојните европски избори и член на Европскиот парламент, Јоахим Целер изјави дека би било подобро овој протест да е одржан на московскиот Црвен плоштад.

Лидерите на украинаките власти вчера изјавија дека нема да потклекнат пред уцените на проруските сили, кои држат под контрола повеќе од десет градови на исток на државата и по референдумот кој што се одржа на 11-ти мај бараат присоединување со Русија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски