Проруска партија победи на изборите во Летонија

Од:

Проруската партија Хармонија победи на вчерашните избори во Летонија и може да формира влада со популистите, објавија денеска локални медиуми.

Хармонија освои 29 отсто гласови, проевропскиот либерален сојуз ФОР/Развој 12 отсто, а двете популистички партии КПВ ЛВ и Нови конзервативци секоја по 14 отсто.

Партиите во минатото правеа коалиции за да не може Хармонија да формира влада.

Аналитичари сега наведуваат дека проруската партија може да се здружи со популистите.

Хармонија ќе има 24 места во Парламентот (100 пратеници), Новите конзервативци 16 и КПВ ЛБ 15.

– Без Хармонија не е можна стабилна коалиција, изјави Нилс Ушаковс, претседател на партијата и градоначалник на Рига.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он